Словенија ги отвори границите за патниците од повеќе европски региони и држави без задолжителен карантин.
Србија, јадранскиот дел на Хрватска, Босна и Херцеговина, Чешка, Кипар, Германија, Луксембург, Црна Гора, Словачка, Швајцарија, Полска, австриски Тирол и Ватикан од денеска повеќе не се на црвената листа на Словенија, пренесува државната новинска агенција СТА.
Лицата кои влегуваат во Словенија од овие земји или региони ќе можат да влезат без обврска да престојуваат во куќен карантин ако докажат дека таму непрекинато престојувале најмалку пет денови пред да дојдат во Словенија.
Отварањето за патниците од овие држави претставува едно од најзначајните попуштања на ограничувањата на патувањата во Словенија од минатата есен, кога и повеќето европски земји воведоа строги мерки заради пандемијата со ковид-19.