Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до нула, а дневната од три до девет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб претежно источен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до четири степени.
Значителна промена на времето ќе има од четврток кога ќе има врнежи од снег најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови од земјата.
Насекаде ќе се формира снежна покривка која на планините ќе изнесува и до 50 сантиметри.