Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска им порача на политичарите да се раководат од Уставот во однос на денот на изборите исто како и тој. Тоа значи 60 дена од денот на распуштање на Собранието, кое доколку бидат испочитувани сите законски рокови би било на 11 февруари. Веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.
Владата, порача претседателот на Парламентот, да си ги реши своите блокирани работи во однос на она што и е надлежност, да не се повикува Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска им порача на политичарите да се раководат од Уставот во однос на денот на изборите исто како и тој. Тоа значи 60 дена од денот на
распуштање на Собранието, кое доколку бидат испочитувани сите законски рокови би било на 11 февруари. Веднаш потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.
Владата, порача претседателот на Парламентот, да си ги реши своите блокирани работи во однос на она што и е надлежност, да не се повикува
„Во нормални демократии вакви работи нема. Ако сакаме институциите да функционираат треба да постапуваат како што е пропишано, а не по налог, рече на брифингот Џафери.
Предвремените парламентарни избори ќе се одржат според досегашниот изборен модел. Ако има политички договор за измена на изборниот модел, колку е временскиот рок за измени, прашаа новинарите, за што Џафери појасни дека редовната постапка е два месеца, а во други процедури, подвлече, може да оди и во еден ден.
Според првиот човек на законодавниот дом, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО.
За тоа, рече Џафери, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав. За ова прашање, нагласи, досега не разговарал со лидери на политички партии, а кој има потреба за тоа, подвлече, треба да побара средба и да разговараме. Во таа насока, се осврна на лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски, на која тој не беше поканет, а на која беше донесена одлуката за предвремени парламентарни избори откако земјава не доби датум за почеток на преговори со ЕУ.