Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност кои во текот на денот ќе се намалат.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали.
Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.
Следува период на стабилно и суво време.
По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.