На Булеварот Партизански одреди, кај крстосницата со улицата Париска близу Поликлиниката „Букурешт“, вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на која, според засега сеуште непотврдени информации, и претходел вооружен инцидент.
Во инцидентот едно лице е повредено и со возило на Итната медицинска помош е префрлено во болница.
Кој, зошто и во кого пукал, официјално не се знае. Засега се е во доменот на шпекулациите.
Повеќе информации очекуваме наскоро.