Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, соопштија од Автомотосојузот на Македонија
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржување за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.
АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од поставената сообраќајна сигнализација.