„Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели мима се повеќе слободни места. Ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат, имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети подготвени да се отворат“, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешниот состанок со директорите на КОВИД-центрите во комплексот „Мајка Тереза“.
На состанокот, како што соопшти Министерството за здравство, беше разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија.
По напрвените анализи е заклучено дека минатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе има благ пад на бројот на хоспитализрани на дневно ниво.
Според Министерството, на сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.
„Мерки кои Комисијата за заразни болести ги донесе даваат резултат и бројката на хоспитализации се стабилизра. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи“, истакна Филипче.