Дебра Годард (55) на пазар за стари работи купила прстен за кој мислела дека има камен од обично стакло и го платила 12 евра. Но, потоа било утврдено дека тоа „стакло“ е дијамант чија вредност била еден милион евра.
Дебра откако го купила прстенот, го ставила во фиока и потполно заборавила на него. Меѓутоа, кога нејзината мајка останала без пари затоа што била жртва на измама, таа решила да продаде неколку свои работи, а меѓу останатото и прстенот стар 33 години.
Надевајќи се дека на прстенот барем малку му пораснала цената, Дебра отишла кај златар, а тогаш јувелирот останал шокиран после проценката на вредноста на накитот.
Таа го замолила златарот да го купи прстенот надевајќи се дека за него ќе добие околу 900 евра, но тогаш дознала дека „стаклото“ на прстенот е од 26,27 карати.
Со продажбата на прстенот Дебра на крајот заработила повеќе од 900.000 евра и тоа откако биле засметани сите трошоци од аукцијата.
„Кога појдов кај златарот, тој за малку што не се онесвести и тогаш ми рече – Знаеш ли ти што е ова? Тоа е дијамант. Цела ноќ седев и гледав во прстенот, прашувајќи се што да правам“, искрено раскажува Дебра.
Одлучила да го однесе во аукциската куќа „Сотби“, која ја потврдила неговата вредност.
„Излезе дека тоа е речиси совршен камен. Се сетив што би му рекол Дел Бој на Родни – Во ова време следната година ќе бидеме милионери. Ете, се покажа дека во тој став има вистина“, нагласи Дебра. Тоа е карма за лошите работи кои се случија во нашите животи, а на мојата мајка и беше украдено се, додаде таа.
Дебра после оваа заработка ја почести својата мајка Џун Бојл (72) со различни работи, затоа што сакала да и ги исполни сите желби.
„Помина десетина дена на Барбадос, го виде Том Џонс, ја виде и Селин Дион во Вегас и си купи бунда“, нагласи Дебра.