Со 400 страници документација Македонското Министерство за правда ќе го враќа Груевски од Унгарија.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес конференција рече дека со обемна документација Македонија ќе и објаснува на Унгарија зошто треба да и го врати екс премиерот Никола Груевски во постапката за екстрадиција.
Во меѓувреме, како што информираат од Владата, внатрешната контрола на МВР испитува како Груевски заминал од Македонија и дали имал помош од некој од полициските службеници, додека СВР Скопје истражува како било организирано бегството.