Околу 130 мигранти се спасени денес близу западниот грчки брег, откако од бродот со кој пловеле упатиле повик за помош после крајно лошите временски услови во текот на ноќта, соопшти крајбрежната стража.
Бродот стаса во западното грчко пристаниште Метони, на Пелопонез, со помош на локалната полиција, а сите патници се на безбедно.
На бродот имало 130 мигранти, чија националност сеуште не е позната, пренесува АФП.
Мигрантите изјавиле дека се упатиле кон Италија.
Атинската новинска агенција пренесува дека петмина мигранти успеале самостојно да стасаат до брегот на Грција.