Законот за јазици е една од многуте храбри одлуки што Владата ги има донесено во последните две и пол години, изјави премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во одговор на новинарско прашање во однос на имплементацијата на овој закон. Додаде дека сите прашање во однос на двојазичните униформи во МВР, треба да се упатат во ресорното Министерство.
„Важно дека во последните две и пол години многу отворени прашања се затворени, прашања што предизвикуваа проблеми, или пак беа основа за дневно политички препукнувања, маркетинг, добивање или пак губење на некакви политички поени. Треба да бидеме задоволни со тоа што оваа Влада донесе многу храбри одлуки се со цел да се решат овие прашања кои низ годините на наназад ни причинуваа проблеми, рече Спасовски.
Истакна дека имплементацијата на Законот за јазици е значајна и оти е по утврдената динамика и врз основа на она што го работат во Координативното тело.