Градче на истокот на Франција мора, со судска одлука, од својот парк што е во јавна сопственост да ја тргне статуата на Богородица поради секуларизмот во земјата, пренесуваат извори од локалната управа на Пибли во областа Савоја.
Статуата поставена во 2011 година веќе беше предмет на расправа затоа што судот во 2015 година прв пат нареди преместување на статуата.
Градчето сега има рок од три месеци да ја тргне Богородица.
Ако се пречекори рокот локалната самоуправа ќе мора да плаќа по 100 евра казна на ден.
Претседателот на општината, Гастон Лакроа, изјави дека ќе пронајде приватно земјиште и таму ќе ја постави статуата.