После силното невреме кое ја погоди Австрија се активираше свлечиште во местото Вордеркримл со 280 жители и го затрупа возот кој сообраќа во тој дел од земјата.
Австриските служби користеле тешка механизација за да ги тргнат големите количини земја и отпад кои го прекриле возот.
Свлечиштето се активирало после силната бура, која предизвика штети ширум Австрија, а посебно се погодени покраините Пинзгау и Понгау.
Евакуирани се повеќе од 180 лица, а како што пренесува порталот „Кликс“, пожарникарите морале од одат од визба до визба за да ги спасуваат луѓето, кои беа заробени од свлечиштето.
Властите се обидуваат од воздух да утврдат колкави се размерите на штетата.
Во случајов настрада пругата во должина од 52 километри, која е популарна туристичка атракција.
Одделни сообраќајници во Пинцгау и Понгау се затворени заради одрони на земја на повеќе места, наведува германски „Билд“.