– До крајот на неделата струмичката болница ќе почне да се затоплува со природен гас од гасоводната мрежа во градот.
Јавното претпријатие за енергетска дејност „Струмица гас“ го заврши целиот процес на приклучување на гас, кој опфаќаше изградба на нова котларница, поставување на потребната опрема и приклучување на гасоводната мрежа.
– Во тек е пробната работа во која ќе бидат извршени сите потребни интервенции, по што и официјално болницата целосно ќе се затоплува со природен гас. Тоа е општинскиот влог во оваа инвестиција која изнесува 6,9 милиони денари, од кои 5 милиони обезбеди Генералниот секретаријат на Владата и 1,9 милиони денари Министерството за здравство, објави досегашниот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.
Инаку, болницата неколку години наназад беше посочувана како еден од загадувачите во Општина Струмица, бидејќи затоплувањето се вршеше со мазут.