Времето во Македонија денес ќе биде сончево и тивко со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне во одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла
Утринската температура ќе се движи од минус 12 до минус 5, а дневната од 1 до 6 степени.
Во Скопје ќе преовладува умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 11, а дневната ќе достигне максимални три степени.
Утрово во 8 часот најстудено беше во Тетово каде што беа измерени -13 степени, во Маврово -10, во Скопје -8, -7 беше во Берово, -6 во Крива Паланка и Куманово, -4 во Виница, Крушево, Лазарополе и Битола, -3 во Дебар, Штип и Демир Капија, -2 во Прилеп, -1 во Претор и Струмица, еден степен над нулата беше во Охрид и Гевгелија и два степена во Дојран.
Синоптичарите предвидуваат дека до среда ќе се задржи претежно стабилно и суво време. Во среда кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд и снег. Температурата ќе има тенденција на пораст
Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози, заради што се препорачува внимателно возење и прилагодивање на брзината спрема условите на патот.
Снег провејува во Битола, Ресен и на планинските премини Буково и Ѓавато.
Највисока снежна покривка утринава е измерена во Маврово, 64 сантиметри, во Лазарополе 38, во Крушево 28, во Битола 23, во Тетово и берово по 21, во Демир Капија 17, во Крива Паланка 8, во Прилеп 3 и во Штип 2 сантиметри.