Марк Сертиќ на прв поглед делува како обичен дедо, но она што го одвојува од останатите е неговата љубов кон спортот, првенствено хокејот.
Тој на 18 јули ќе наполни 96 години, но и покрај тоа три пати неделно ги тресе мрежите.
Сертиќ хокеј игра речиси 86 година. Почнал кога имал 10 години, во 1931 година, а на ледените терени единствено не лизгал за време на Втората светска војна во која се борел.
Трчал на маратони, се тркал со лизгалки и освоил многу признанија.
Една од причините за неговата долговечност се наоѓа во редовното вежбање кое секое утро го практикува.
Истегнување, склекови, трчање … речиси сите вежби овој „супер дедо“ со леснотија ги прави, после што е подготвен за новиот ден.
“Кога ќе помислам на годините, си велам на себе имаш само 59, а не 95, ги свртувам бројките и веќе подобро се чувствувам“, открива Сертиќ.
Лизгалките ги става три пати неделно, а на мразот, кој е околу два километри далеку, тој главно патува со автомобил и обично стигнува последен, иако е најблиску.
„Мојата љубов кон хокејот тешко се објаснува. Лизгате со пакот, стрелате во голот, се обидувате да му го одземете пакот на противникот… има толку различни работи, така што нема застанување. Во моите години тоа е убав начин да го одржите чекорот со младите луѓе. Добивам прилика да останам вклучен, а тоа е најдобрата работа што некогаш ми се случила“, вели овој 95-годишник.
Неговите соиграчи се главноп пожарникари и полицајци, некои пензионирани, а некои сеуште активни.
После секој тренинг или натпревар неколцина одат кај Сертиќ каде што коментираат кој, што правел и како го правел тоа на мразот.
„Имам најдобри соиграчи на светот. Редовно ми го додаваат пакот, толку што се срамам што не погодувам почесто“, признава Сертиќ.
За можните повреди и не размислува, затоа што секогаш крај теренот има медицинско лице кое може да интервенира доколку за тоа има потреба.
„Најважен чекор е оној првиот на излегување од дома. Иако некогаш не ви е до тоа, морате да бидете одлучен“, открива „супер дедото“.