Мигрантите кои поминале илјадници километри од земјите на Блискиот исток или од Африка и преку европскиот континент се впуштија во опасна пловидба со гумени чамци преку Ла Манш за да стигнат до британското тло, сега би можеле да се вратат во Албанија, според новиот план на британското министерство за внатрешни работи.
Британците се надеваат дека ќе направат договор за испраќање на мигрантите во новиот азилски центар во Албанија за кој моментно траат директни разговори со владата во Тирана.
Според планот, мигрантите кои илегално стигнале на островот би се одвезувале од таму во рок од седум дена.
„Сандеј Тајмс“ пишува дека британските министри се уверени во тоа дека мигрантите од доаѓање во Обединетото Кралство ќе го одврати долгото чекање за одобрение за азил, а сега ќе мораат да чекаат во Албанија.
Моментно во официјален Лондон владее фрустрација заради двојно поголемиот број инегални преминувања на Каналот од очекуваниот. Во првата недела службенбиците објавија рекорден дневен број на доаѓања. За само два дена во Британија, илегално, со мали бродови, пристигнале над 2.200 луѓе.
Повеќе од 24 илјади мигранти преминаа оваа година во Велика Британија, три пати повеќе од 8.420 во 2020 година. И покрај доаѓањето на зимата приливот на мигранти расте. Од Лондон во повеќе наврати „на повисок тон“ се обратија до Елисејската палата порачувајќи дека не сториле доволно да за ги спречат илегалните преминувања.
Британија и Франција неколку пати се судрија откако ја потпишаа заедничката изјава дека ќе спречат „100 отсто илегалните преминувања“.
Британците се надеваат дека ќе успеат да ги запрат преминувањето преку морето, а се разгледува план кој ќе овозможи испраќање мигранти во офшор азиските центри.
Прити Пател, министерка за внатрешни работи во владата на Борис Џонсон, веќе една година бара прикладно место.
Барање алтернатива
најповеќе се разгледувале одалечените прекуморски британски територии по примерот на мигрантската политика на Австралија, која барателите на азил ги испраќа на островот Наури во Тихиот океан, а до октомври тоа беше Папуа Нова Гвинеја.
Данска моментно е во преговори со Руанда да отвори центар за мигранти, а британската влада размислува за тоа да го подели договорот. Албанија, која е поблиску од тие далечни дестинации, сега се чини како побрза опција за решавање на горливата криза.
Еден од министрите изјавил за „Тајмс“ дека разговорите за испраќање на мигранти во Албанија се на почеток, но дека изгледите се „добри“. Но, и тој план доаѓа со дополнителни високи трошоци.
Службениците пресметале дека за секој мигрант ќе бидат потребни по 100.000 фунти за да се покријат трошоците за лет во Албанија и сместување. Тоа е два пати повеќе отколку што во Англија и Велс чини држење на затвореник една година.
Фактор на привлечност
Доминик Раб, потпретседател на владата, во интервју за „Тајмс“ потврдил дека владата разгледува планови за прифаќање на мигрантите кои со бродови преминуваат преку Ла Манш.
„Разгледуваме меѓународни партнерства кои можат да го изнесат ‘прифаќањето’ од Обединетото Кралство и на тој начин да се обидеме да го намалиме факторот на привлечност на рутата, односно луѓето да не мислат дека можат успершно да ја користат оваа рута“, изјавил Раб и додал дека многу од тие расправи се во прелиминарна фаза.
Олта Хацка, албанската министерка на надворешни работи, во октомври, кога се појави предлог за отварање на притворски центри во Албанија, изјави дека тоа е „лажна вест“.
„Албанија никогаш нема да биде средиште на антимиграциска политика на големите и богати земји“, рече Хацка.
Меѓутоа, албанските власти не ги негираа неформалните разговори со нивните колеги во Лондон за планот. Законот за националност и граници Прити Пател, кој ќе овозможи отстранување на барателите на азил, е на дискусија во Долниот дом и се очекува да добие согласност од кралицата до пролет.
Законот за националност кои ќе овозможи дислокација на барателите на азил е во Долниот дом, на расправа, и се очекува дека до пролет ќе добие согласност од кралицата.
Британија дава по 39,63 фунти неделно
Франција и Велика Британија на барателите на азил им нудат бесплатно сместување додека им се обработуваат барањата.
Велика Британија им дава на барателите по 39,63 фунти неделно за храна, облека и тоалетни потреби. А им се дава и бесплатна здравствена заштита и образование за децата.
Во Франција неделната помош изнесува 47,60 евра. Заради недостаток на капацитети во државните згради многу азиланти извесно време минуваат како бездомници. Ако барањето не се одобри за 6 месеци, имаат право за пријава за работна дозвола.