Судењето за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ „Талир” се одложува за 12 септември, поради отсуство на еден од поротниците.
Процесот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.
Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, спроведен од притвор, Кирил Божиновски спроведен од куќен притвор, како и пратеникот Илија Димовски и Леко Ристоски.
На екс премиерот Никола Груевски му се суди во отсуство.
Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес се уште се наоѓа на почеток и веќе неколку месеци се одложува почетокот поради неприсуство на некој од обвинетите или Судскиот совет, но и менување на бранителите и застапниците на ВМРОДПМНЕ, како и барање за автентично толкување на став од Законот за СЈО.