Заврши реализацијата на проектот за тампонирање на пристапни патишта до земјоделско обработливи површини во општина Росоман. Проектот опфати тампонирање на три полски патишта.
-Проектот беше аплициран преку Центарот за развој на Вардарски плански регион, а финансиран од страна на Министерството за земјоделство, соопштија од службата за односи со јавноста при росоманската локална самоуправа.
Дополнително саниран е и полскиот пат кон паликурскиот блок, каде има големи површини земјоделски насади.
-Во санирањето на овој полски пат учествуваа Локалната самоуправа, општествено одговорни граѓани и компании. Ги повикуваме граѓаните да внимаваат и да не ги оштетуваат полските патишта, особено да бидат внимателни кога ги полеваат своите површини, нагласија од прес службата при општината.