На киргиско-таџикистанската граница во потполност е запрен огнот, пренесува агенцијата „24.кг“, повикувајќи се на ополномоштениот претставник на владата во киргиската област, Баткен Омурбека Суваналијев.
„Сепак, рано е да се зборува за тоа како е решена ситуацијата. Последиците од воениот судир се големи. Забележувам дека Таџикистанците ги отстранија булдожерите од селото Арка во подрачјето Лејкекски“, изјави Суваналијев.
Медиумите денес јавија, повикувајќи се на киргиското Министерство за внатрешни работи, дека на границата, каде што вчера дојде до вооружен судир на силите на двете земји, повторно бил отворен оган и покрај постигнатиот договор за прекин на борбените дејствија и повлекување на војските. До размена на оган дојде во подрачјето Лејкекски, но Таџикистан тоа најостро го демантираше.
Во судирот којшто изби вчераутро, според најновите податоци, загинаа 20 луѓе, а околу 150 се ранети на двете страни.
Меѓу загинатите се три киргистански војници, додека 22 се ранети, наведе во своето соопштение граничната служба.
Според информациите загинале осум државјани на Таџикистан. Според официјалните податоци ранети се над 30 луѓе.
Руската амбасада во Бишкек соопшти дека меѓу загинатите и ранетите нема руски државјани. Од зоната на судирот властите на Киргистан евакуираа 13.500 граѓани. Уништени се голем број куќи. Судирот траел шест часа, а завршен е со договор на двете страни за прекин на огнот и повлекување на силите.
Двете страни се договорија за формирање на работна група за нормализација на состојбата.
Да потсетиме, судирот на жителите во пограничната област меѓу двете земји прерасна во судир на војските на двете држави.
Овој регион од време на време станува зона на конфликти, а главната причина се спорните делови на границата.