Падна молдавската влада. Сега сите стравуваат од најлошото. Избија протести. Премиерката на излегување испрати значајна порака. Никој не знае што ќе следи….
Премиерката на Молдавија, Наталија Гаврилита, денеска објави дека нејзината влада поднесува оставка, после 18 турбулентни месеци на власт, обележани со економската криза и последиците од руската војна во Украина.
„Верувам во молдавскиот народ. Верувам во Молдавија“, им рече таа на новинарите.
„Верувам дека ќе ги надминеме сите тешкотии и предизвици“, остакна Гаврилита.
Поранешната советска република со 2,5 милиони жители е погодена од висока инфлација и притисок од голем број украински бегалци.
Погодена е и од прекините во снабдувањето со електрична енергија поради руските напади врз украинската енергетска инфраструктура и се обидува да се ослободи од зависноста од рускиот гас.
Поради растот на цените, особено на гасот од Русија, избувнаа протести кои владата ги оцени како дел од руската кампања за дестабилизација на владата.
Гаврилита ја презеде функцијата во август 2021 година, откако нејзината проевропска ‘Партија за акција и солидарност’ обезбеди мнозинство во парламентот со мандат за сузбивање на корупцијата.
Минатата година Молдавија доби статус на кандидат за членство во Европската унија.
(Фото: Профимедиа)