Украина ги испроба турските ударни беспилотни летала „Бајрактар“ мад Црното море во рамки на воена вежба, објавија од украинското Министерство за одбрана.
„Беспилотните летала ‘Бајрактар’ ТВ2 извршија летови од копнениот дел на Украина до островот Тендровска коса кој се наоѓа во Црното море. Дроновите изведоа разни маневарски задачи“, се наведува во соопштението.
На Тендровска коса се наоѓа мултифункционален воено-поморски полигон на кој тренираат и ја подигнуваат борбената готовност различни единици на морнарицата, се изведуваат вежби за десант, артилериска стрелба на цели на копно и друго.
Украинското министерство за одбрана потсетува дека украинската војска оваа година ќе добие комплекс од овие беспилотни летала со унапредени карактеристики за потребите на морнарицата.