„Околу 2.000 мигранти од азиските и африканските држави се обидуваат да се дофатат до западноевропските земји и тие моментно се наоѓаат на белоруската граница со Литванија“, изјави министерката за внатрешни работи на Литванија, Агне Билотаите.
„Состојбата на границата е стабилна, но тензијата и понатаму е присутна. Според нашите податоци, околу две илјади мигранти се наоѓаат од белоруската страна“, рече таа за телевизискиот канал ЛРТ.
Министерката додаде дека Литванија е подготвена за секое сценарио.
„Сите инстанци и институции се во состојба на подготвеност“, истакна Билотаите.
Повеќе од 4.000 мигранти се притворени на литванско-белоруската граница од почетокот на годината.
(Фото: ЕПА)