Тони Кукоч утре ќе стане петиот Хрват во кошаркарската „Куќа на славните“, после Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002), Мирко Новосел (2007) и Дино Раџа (2018).
На церемонијата на влегувањето во „Куќата“ друштво на бината ќе му прават Мајкл Џордан и сопственикот на Чикаго Булс, Џери Рејнсдорф, кои ќе бидат негови службени презентери.
Сем Смит, новинар кој ги следеше Булси во деведесетите, за НБА.ком напиша дека дошло до договор меѓу Кукоч о Џордан но дека капитенот на Булси во еден момент му јавил ја Хрватот дека сепак нема да може да го внесе во „Куќата на славните“, но дека на крајот се си дошло на свое место заради – корона вирусот.
Смит пишува дека Џордан му се понудил на Кукоч лично тој да го внесе во „Куќата“ уште пред шест или седум месеци во текот на една од нивните бројни голф пресметки откако се во кошаркарска пензија.
Иако Меѓународниот одбор од „Куќата на славните“ го прифати Кукоч како нов член дури после осмата номинација (првпат беше номиниран во 2014 година), Џордан никогаш не се сомневал дека неговиот некогашен соиграч ќе добие место меѓу легендите.
Џордан тогаш му рекол на Кукоч дека сака да му биде презентер кога (не ако!) влезе во „Куќата на славните“, што Тони воодушевено прифатил.
Но, ситуацијата се искомплицирала откако стигнала веста дека Кукоч влегува во „Куќата“ како дел од генерацијата 2021-ва. Џордан го повикал сплиќанецот и му се извинил што сепак нема да може да биде крај него на церемонијата на 11 септември затоа што тој ден ја мажел ќерката Џасмин и дека морал да ја отпрати до олтарот.
„Потполно го разбирам“, рече Кукоч, пишува НБА.ком. „Мора да биде со семејството. За мене беше голема чест само тоа што сакаше да биде крај мене“.
Но, работите се сменија во корист на Кукоч. Добра вест за него, а лоша за Џасмин, дошла кога венчавката била одложена заради корона вирус.
„Мајклл ми рече дека сепак сака да биде мој презентер, ако јас и понатаму го посакувам тоа. Што мислите што му одговорив?“, низ смеа рекол Кукоч.
Покрај Кукоч во „Куќата на славните“ оваа сабота ќе бидат примени и поранешните НБА ѕвезди Пол Пирс, Крис Бош, Бен Валас и Крис Вебер.
Во „Куќата“ како тренер влегува и легендарниот Бил Расел, 46 години откако е примен како играч, а ултимативно кошаркарско признание ќе добијат и тренерот Рик Аделман, поранешните ВНБА ѕвезди Јоланда Грифит и Лаурен Џексон и универзитетскиот тренер Џеј Врајт.