Десетици луѓе загинаа денес кога дојде до голема турканица на верски фестивал во Израел, соопштија, соопштија официјални лица, во несреќа која премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече „голема трагедија“.
Според првите извештаи загинаа повеќе од 40 луѓе, а повеќе од 100 се повредени, од кои многумина се во критична состојба.
До несреќата дошло кога група ултраортодоксни Евреи во голем број минале низ гробницата на мудрецот од вториот век, на рабинот Шимсон Бар Јочај, во текот на комеморацијата која вклучува бдеење, мистични песни и танц, јавуваат агенциите.
Очевидци велат дека луѓето биле загушени или биле прегазени во тесните ходници.
Повредените, меѓу кои има многу со фатални последици, со хелихоптери се пренесени до болниците во северен Израел, соопштија медицински лица.
„Канал 12“ инцидентот го опиша како „стампедо“ во кое има 40 загинати и, повикувајќи се на очевидци, информираше дека меѓу нив има и деца.
Весникот „Харец“ извести дека има најмалку 44 загинати, а дека 38 луѓе биле во критична состојба уште на местото на несреќата, пренесе Би-Би-Си.
Гробницата Маунт мерон се смета за едно од најсветите места во еврејскиот свет и годишно ја посетуваат многу верници.
Ова се смета за едно од најголемите јавни собирања во Израел од почетокот на пандемијата со корона вирусот, а минатата година собирот беше забранет заради рестриктивните мерки.