Тројца мигранти загинаа на југозападот на Франција кога на нив налетал воз додека лежеле на шините, информираат од француската полиција.
Според полициското соопштение, четири мигранти утринава околу 5 часот биле на шините близу Сант Жен де Луз, кога на нив налетал воз што сообраќал кон Бордо.
Тројца загинале, а четвртиот е тешко повреден.
Засега не е јасно зошто четворицата лежеле на пругата. Двајца мигранти биле од Алжир, а за другите двајца не се знае од каде потекнуваат, чии државјани се.
Подрачјето покрај шпанската граница е премин за мигрантите од Африка кон Западна Европа.