Американскиот претседател Доналд Трамп во поледелник ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки – град каде што се одржани и други историски средби на американски и руски лидери.
Лидерите на двете супер сили и овој пати имаат многу теми за разговор.
Самитот ќе се одржи во жолтата претседателска палата од 19 век, соопштија официјални лица од Финска.
Тоа е една од официјалните резиденции на финскиот претседател со поглед на Балтичко море и се наоѓа во близина на плоштадот Маркет.
Поред протоколот, Трамп и Меланија во понеделник утрото ќе имаат одвоен работен појадок со финскиот претседател Саулиј Нинистем и неговата сопруга Јени Хаукио.
Путин и Трамп до сега се сретнаа два пари, на маргините на два меѓународни собири, а средбата во Хелсинки е прв официјален состанок на двајцата светски лидери.
На истото место во 1990 година се сретнаа американскиот претседател Џорџ Буш и претседателот на СССР, Михаил Горбачов.
„Лидерите ќе разговараат за Сирија, Украина, мешање во избори и, можеби, за кршење на спогодбата за нуклеарно оружје од среден домет. Тоа се се’ крупни прашања“, наведува Вилијам Кортни, извршниот директор на Форумот за деловни лидери Ранд.
„Самитот во Хелсинки ќе биде четврта средба на претседателите Трамп и Путин од инаугурацијата на Трамп во јануари 2017 година. Од кога се сретнаа минатиот пат на самитот на АПЕК во Виетнам во ноември 2017 година, Трамп превзеде мерки на одговор на руската агресија“, пишува Глас на Америка.
На пример, дозволи продажба на смртоносно оружје на Украина, протера 60 руски дипломати од САД посла нападот со нервен агенс на рускиот шпион во Британија и воведе дополнителни санкции за руски официјални лица.
„Очигледно дојде моментот кога Трамп го загуби трпението и кога одлучи дека е време да стане поцврст кон Русија. Тој момент можеби помина, затоа што сега се чини дека Трамп сака директна средба со Путин, беше решен да има не само неформална средба на маргините на некој поголем собир туку прав самит еден на еден, што му дава поголема важност. Затоа ми се чини дека после периодот кога беше подготвен да биде поцврст кон Путин, Трамп сега враќа со еден попостлив став“, истакнува Чарлс Капчан од Советот за надворешнополитички односи.
И иако некои набљудувачи на процесите гледаат предност за можно приближување на САД и Русија, други се и понатаму песимисти.
„Постои можност односот да може благо да се унапреди, а тоа само по себе би било достигнување затоа што односите се влошуваа неколку години – посебно од руската анексија на Крим и инвазијата во Источна Украина и регионот Донбас. На Трамп ќе му биде важно да постигне некој вид на договор со Русите, кој ќе трае подолго од било кои досегашни резултати од самитот со Ким Јонг Ун“, вели Кортни.
Меѓутоа, како што се наведува во текстот, нормализацијата на односите ќе биде тешка додека не се разрешат три примарни прашања: истрагата на специјалниот обвинител Роберто Малер за руското мешање во американските избори, продолжување на санкциите за Русија и присоединувањто на Крим кон Русија во 2014година.
Сепак, самитот потенцијално би можел да даде тон на идната динамика меѓу Москва и Вашингтон.
„Ова би можело да биде почеток на подобар дијалог. Не очекувам дека од Хелсинки ќе стигнат какви било револуционерно нови вести. Трамп има способност да влијае на јавното мислење и да се обиде да добие поддршка од Конгресот, но мислам дека токму заради стравувањата кои постојат во врска со неговиот однос со Путин и истрагата на Малер, загриженоста поради можен дослух со Русија и мешањето во изборите – мора да биде многу внимателен“, истакнува Капчан.
Меѓутоа, ако лидерите се договорат да ги разрешат – или барем да ги разгледаат некои од најспорните прашања – односот на двете супер сили уште еднаш би можел да почне да се подобрува.