Судијата од Њујорк, Артур Енгорон, го казни денеска поранешниот американски претседател Доналд Трамп, заради непочитување на судот.
Според пресудата, Трамп ќе мора да плати сума од 10.000 долари за секој ден доцнење во поднесувањето на документацијата по налог на државниот обвинител, а во рамки на истрагата што се води за неговото работење.
„Господине Трамп, знам дека сериозно си ја сфаќате работата и јас сериозно ја сфаќам мојата работа“, рече Енгорон пред да ја објави пресудата.
Државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, побара од судот да го прогласи Трамп за виновен за непочитување на судот, откако тој го пропушти судскиот рок за поднесување документи што истече на 31 март.
Трамп, се бори со Џејмс на суд поради нејзината истрага, која тој ја нарече „политички мотивиран лов на вештерки“.
(Фото: АП)