Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп повторно остро ја нападна војвотката од Сасекс Меган Маркл.
Трамп истакна дека не е нејзин обожавател, обвинувајќи ја дека не ја почитува кралицата Елизабета Втора, како и дека манипулира со принцот Хари уништувајќи ги неговите односи со семејството.
Поранешниот американски претседател додаде дека нејзините постапки и оние на принцот Хари и нанеле голема штета на монархијата.
„Мислам дека ужасно го користи принцот Хари и ќе зажали еден ден.
„Мислам дека тоа му го уништи односот со семејството и дека сето тоа ја повредува кралицата, која е голема жена и историска личност – рече Трамп, додавајќи дека на војвотката од Сасекс најмногу и се прекорува што се меша во американската политика и дека има индиции дека тие му помогнаа на Џозеф Бајден да победи на минатогодишните претседателски избори.