Избраниот американски претседател Доналд Трамп ја критикуваше работата на актуелниот прес-секретар на Белата куќа, Џош Ернст.
„Џош Ернст е глупо момче. Не знам дали разговара со претседателот Барак Обама. Многу е важно да имаш добар прес-секретар. Тој е многу лош во предавањето информации“, рекол Трамп пред приврзаниците во државата Пенсилванија.
Според зборовите на Трамп, Ернст „умее да соопшти добра работа, така што таа ќе звучи лошо“. „Тој може да каже: Дами и господа, ние во потполност ја уништивме терористичката организација ДАЕШ“, и тоа нема да звучи добро, објаснил новоизбраниот американски претседател.
На овој начин Трамп одговори на неоснованите обвиненија на прес-секретарот на Белата куќа за „руските хакери“ кои, наводно, извршиле сајбер напади на компјутерските системи на изборниот штаб на Хилари Клинтон и на серверите, поврзани со одржувањето на изборите.
Меѓу останатото, Ернст тврдеше дека Трамп знаел за сомнителните сајбер активности на Москва.