На Клиниката за инфективни болести денеска починала 66-годишната пациентка од Дебар заболена од коронавирусот, која подолго време беше на респираторна машина.
„Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот, пациенктка која подолго време беше на респираторна машина. Пациентката беше од Дебар и таа и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната тепарија за жал почина денеска, пред неколку часа“, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.
Тој додаде дека починатата пациентка била на 66-годишна возраст и оти во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија.
Таа и нејзиниот сопруг беа дијагностицирани позитивни на коронавирус на 6 март.
Тие во земјава допатувале од Италија.
Првично беа во стабилна состојба, но потоа на жената и се влоши здравствената состојба и беше поставена на респиратор.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус
во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.