После припадниците на резервниот и активниот состав на војската, писмо со опомена на властите, трето по ред, во кое се истакнува дека Франција ита право во нереди ако ништо не се превземе, упатија и поранешни полицајци.
Стотина некогашни полициски функционери и официри му испратија писмо на претседателот Емануел Макрон, на Владата и на пратениците во францускиот парламент во кое од нив бараат да ја прекинат тешката безбедносна состојба. Истакнуваат дека насилните групи се посилни од авторитетот на власта и дека законите не се почитуваат во „изгубените делови“ од државата.
Во писмото се наведува дека зачестиле нападите на чуварите на редот, дека има непочитување на републиканските вредности и постои реална опасност по граѓанскиот мир.
Потписниците на писмото бараат стравот да ја смени страната, а на полицијата да и се одобрат потребни средства.
Писмото е објавено како петиција која до вчера имала близу 40.000 потписи.
(Фото: АП)