Македонскиот ракометен првак Вардар со победа над Извиѓач на гости го заврши лигашкиот дел од СЕХА лигата.
Вардар триумфираше со 33:27 (17:12). Иако некомплетни, во отсуство на неколку стандардни играчи, избраниците на тренерот Раул Гонзалез лесно стигнаа до победата, вкупно 15-та сезонава.
Најефикасни кај Вардар беа Игор Карачиќ со 8 голови и Жоан Кањелас со 6, додека голманот Страхиња Милиќ имаше 12 одбрани. Анте Грбавац кај Извиѓач беше стрелец на 8 голови.
Покрај овој дуел денеска играат Татран Прешов – Загреб, додека последниот дуел кој решава за четврото место на табелата меѓу Загреб и Мешков Брест се игра во четврток.
Вардар како првопласиран ќе настапи на завршниот турнир од СЕХА лигата што ќе се игра од 7 до 9.април.
Табела: Вардар 47 бодови, Извиѓач 44, Загреб 34, Цеље 33, Мешков Брест 32, Горење 18, Нексе 18, Металург 17, Татран Прешов 10, Извиѓач 4.