Турскиот суд денеска донесе одлука дека филантропот Осман Кавала останува во затвор, откако четири години проведе во притвор без донесена пресуда.
Кавала е приведен во октомври 2017 година и затворен заради обвинение дека се обиде со сила да ја сруши владата, пренесе Ројтерс.
Критичарите тврдат дека случајот е политички монтиран.