Марио Деус, почесен македонски конзул во Барселона, е уапсен во Кејп Таун во Јужна Африка поради сомневање за убиство на своите тригодишни близнаци.
Според весникот „Ел Паис“, телата на близнаците, момче и девојче, ги пронашла нивната мајка Ј.Е. швајцарска државјанка, во летната резиденција на Деус во Хоунг Беј, блиску Кејптаун. Кога таа стигнала во вилата, Деус влегол во нејзиното возило и побегнал. Набргу потоа бил уапсен.Деус е познат стоматолог и директор на уште една приватна компанија. Тој е почесен конзул на Македонија од декември 2012 година.
Полицијата се уште не го соопштува мотивот за ова злосторство, а не се разјаснети ниту околностите под кои тоа е извршено.
Деус наскоро треба да се појави пред судот, каде што се соочува со две обвиненија, за убиство и за кражба на возилото со кое избегал.
Истрагата е во тек.