Од полноќ во Турција повеќе не е на сила вонредната состојба, која е укината после две години.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, имено, вети дека вонредната состојба нема повеќе да се продолжува кога ќе истече во средата на полноќ, пренесе на својот портал државната телевизија ТРТ.
Вонредната состојба беше воведена на 20 јули 2016 година, после неуспешниот државен удар за кој се обвинети припадниците на мрежата на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.
Во судирите тогаш загинаа 250 луѓе, а речиси 2.600 беа ранети.
Турската влада седум пати ја продолжување вонредната состојба, на период од по три месеци. Последен пат тоа го стори во април.