„Јаху“ вчеравечер соопшти дека се хакувани повеќе од милијарда налози на корисници од таа компанија.
„Јаху“ наведе дека се украдени кориснички податоци и содржат имиња, меил адреси, броеви на телефони, дати на раѓање, безбедносни прашања и одговори кои се користат за потврда на идентитетот на налогот, наведува Ројтерс.
Најновиот инцидент се разликува од нападот на мрежата во 2014 година кога беа компромитирани 500 милиони налози, се додава во соопштението на „Јаху“.