Болниците во Унгарија се под огромен притисок поради растот на бројот на случаи со Корона вирусот, а стотина волонтери одлучиле да им помогнат на здравствените работници во лечењето на пациентите, соопшти денеска тамошниот Институт за јавно здравје.
Како поголемиот дел од Средна и Источна Европа, Унгарија со брзо донесување на рестриктивни мерки успеа да го сузбие ширењето на заразата во текот на првиот бран од пандемијата во март и април минатата година.
Третиот бран, меѓутоа, им донесе голема штета, а Унгарија ја премина Чешка по најголемата стапка на смртност според бројот на жители во светот, покажуваат податоците од научните публикации.
Иако бројот на новите случаи на заразени во Чешка и Словачка почна да опаѓа, во Унгарија и Полска оваа недела е забележан раст на новозаболени, поттикнат од британскиот сој на вирусот.
Досега, вкупно 18.952 луѓе починале од Ковид-19 во Унгарија, земја која брои околу 10 милиони жители.
„Ве молам да направите се за да се заштитите од зараза и хоспитализација, затоа што болниците се преполни“, изјавила на брифинг Цецилиа Милер, директорка на унгарското јавно здравје.
Милер рекла дека до сега околу 500 волонтери, вклучувајќи студенти на Медицинскиот факултет и квалификувани здравствени работници, им се приклучиле на болничкиот персонал, откако пред неколку дена владата побара помош.
На почетокот на март, околу 4.000 медицински работници го напушти јавниот здравствен систем поради лошите реформите кои ги направи владата на премиерот Виктор Орбан, со што дополнително е зголемен повеќегодишниот недостаток на медицински лица во текот на третиот бран од пандемијата.