Осумкратниот олимписки шампион во спринтерските трки, Усеин Болт одговори на прашањето на шпански новинар: „Кој би победил на трката доколку се одржи сега–Болт или напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо?
„Ќе победи Кристијано, велам со сигурност. Затоа што тој сè уште работи со полн капацитет. Го сметам за супер-спортист, тој е секогаш на врвот. Работи напорно секој ден, секогаш фокусиран. Мислам дека сега е побрз од мене“, рече Болт.
Пред три години, атлетичарот од Јамајка имаше неуспешен обид да започна професионална фудбалска кариера.