Земјодeлците не мора да чекаат да се формира нова Влада за да ги добијат субвенциите. Ваква одлка донесе Уставниот по покренатата постапка за субвенциите со времена мерка.
Според одлуката на Уставeн, нема законска пречка Министерството за финансии да не ги исплати парите наменети за субвенционирање на земјоделците пред да се формира влада.
Земјоделското здружение „Агротиквешија“ поведе иницијатива со која се бара оспорување на членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова Влада.
Министерот за финансии, Кирил Миноски не дозволуваше исплата на налозите за субвенциите кои ги доставуваше директорот на Платежната агенција, Игор Златков.
Државата на земјоделците им должи субвенции за 2016 година, а на некои земјоделци и за 2014 и 2015 година.
Вкупниот долг на државата кон земјоделците изнесува околу 90 милиони евра кои, како што изјавија одговорните, се обезбедени и се чека само дозволата на министерот за финансии за тие да бидат префрлени на сметките на земјоделците.