Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, што ќе предизвика намалување на маглата.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утринава беа измерени -4 во Берово, -3 во Прилеп и Виница, -2 во Битола, -1 во Тетово, Штип и Куманово, 0 степени Целзиусови беше во Скопје, Претор, Демир Капија и Гевгелија, 1 степен во Крива Паланка, Дебар, Дојран и Лазарополе, 2 во Охрид, 3 во Маврови Анови и 6 на Попова Шапка и во Крушево.