„Сите училишта во Струга се подготвени за старт на учебната година со физичко присуство на учениците, согласно протоколите за заштита од Ковид –19“, изјави за
МИА шефицата на Кабинет на градоначалникот, Ерканда Баута.
Таа посочи дека ќе се бара максимална одговорност и усогласеност со планот и програмата, кои се дел од образовниот процес.
„Ќе бараме максимална одговорност и усогласеност со планот и протоколите што беа одобрени од сите страни, кои се дел од образовниот процес, почнувајќи од учениците, наставниците, родителите и Општината. Поради опасноста од ширење на вирусот потребна е грижа и надвор од училишните простории“, истакна Баута.
Дел од училиштата во Струга се обезбедени со смарт опрема за пилот проектот за четврто – одделенците, а во дел сеуште трае опремувањето.
На територијата на Струга има 11 основни училишта, во кои настава посетуваат 5.149 ученици, а новата учебна година ќе ја почнат 565 првачиња.
(Фото: МИА)