Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја освои 18-та гренд слем титула, откако во финалето на Отвореното првенство на Австралија го победи Шпанецот Рафаел Надал после голема борба во пет сетови – 6:4, 3:6, 6:1, 3:6 и 6:3
Роџер Федерер го освои Австралијан опен. Вест која речиси и да делува нестварно, со оглед на тоа дека многумина го отпишаа Швајцарецот, кој пола година не играше тенис.
Меѓутоа, Федерер се „врати“ во Мелбурн и во финалето на првиот гренд слем сезонава го совлада Рафаел Надал со 6:4, 3:6, 6:1, 3:6 и 6:3.
На Швајцарецот ова му е петта титула на Австралијан опен, прва од 2010 година.
Тој стана прв тенисер на светот кој, трите најголеми турнири, ги освојувал по пет и повеќе пати.
Надал пропушти шанса да ја освои втората титула на Австралијан опен, а 15-от гренд слем трофеј во кариерата.
После почетното испитување на силите и неколкуте сигурни сервис гемови, каде што немаше шанса да се закани на сервисот на противникот, првата иницијатива ја зема Роџер Федерер.
Во седмиот гем тој го доби сервисот на Надал и го освои сетот. Шпанецот немаше шанси да се врати во тој дел од играта – 6:4.
Вториот сет помина во знакот на Надал, односно на нешто полошата игра на Федерер.
Роџер два пати го губеше сервисот, успеа еднаш да возврати, но тоа беше се. На ист начин Рафа го доби вториот дел од играта – 6:3.
Тргнаа повторно од почеток, а тогаш се случи „поезија“ на Федерер во третиот сет. На почетокот се мачеше спасуваше три брејк топки и тоа со ас удари, грешеше во првиот гем, и кога го освои Швајцарецот тргна да „меле“. Два брејка предност и убедливи – 6:1.
Четвртиот сет од самиот почеток личеше на вториот. Рафа брзо го одзеде сервисот на Федерер, кој значително му помогна. А тогаш до крај рутински славеше со 6:3.
Пред одлучувачкиот период од играта Федерер побара медицински тајм-аут како на мечот со Станислав Вавринка. Но, тоа не му помогна, Рафа на стартот направи брејк. Набргу после тоа Шпанецот ја потврдува предноста, иако Роџер имаше брејк топка за да се врати во сетот. Слично беше и во четвртиот гем, но Шпанецот не сакаше да го испушти заработеното. И тогаш кога се чинеше дека Рафа ќе го освои гренд слемот, Роџер направи еден брејк, а потоа и уште еден за голема радост во Австралија.