Кошаркарите на Фенербахче станаа првиот турски клуб кој освоил титула шампион на Европа, откако во финалето на завршниот турнир од Евролигата, пред домашната публика во салата „Синан Ерден“, го совладаа грчки Олимпијакос со 80:64 (26:18, 13:16, 21:14, 20:16).
На српскиот тренер Жељко ОБрадовиќ ова му е девета титула, со пети клуб.
Третото место го освои ЦСКА, која го совлада Реал Мадрид со 94:70.