Надзорниот одбор на компанијата „Фејсбук“ ја одложи одлуката во врска со можното реактивирање на профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
На Трамп му е забранет пристапот до Фејсбук во јануари после немирите на Капитол хил во Вашингтон и неговите објави во текот на тие драматични случувања, пренесува Би-Би-Си.
Од надзорниот одбор соопштија дека до доцнење дошло поради деталниот преглед на преку 9.000 објави.
Одлуката првобитно требало да биде донесена до 21 април, но одборот во изјава објавена на Твитер најави дека конечниот збор ќе го даде во „следните недели“.
Ова тело на „Фејсбук“ што го сочинуваат 20 членови, а кој го основа првиот човек на компанијата Марк Цукенберг, често се нарекува и „Врховен суд на Фејсбук“.
(Фото: ЕПА)