Министерот за здравство Венко Вилипче вели дека не очекува во следниот период да има силен бран на Ковид-19, но оти состојбата постојано се следи и ќе се преземаат мерки согласно нејзиниот развој.
Тој нагласува дека засега не се размислува за воведување задолжителна вакцинација, но оти ништо не е исклучено и се ќе зависи дали досегашниот опфат ќе продолжи и натаму да ги намалува бројките.
ФОТО: МИА