Трката во Формула 1 за Големата награда на Германија најверојатно ќе биде исфрлена од календарот за натпревари за 2017 година од финансиски причини.
Конечната одлука ќе биде донесена во среда, 30 ноември, на состанокот на Советот на светскиот мото спорт, кога ќе биде усвоен календарот за натпревари за следната сезона.
Хокенхајм, заедно со Канада и Бразил, обележен е како привремена трка во распоредот за 2017 година.
Германските медиуми пренесоа дека екипите се информирани за исфрлувањето на трката во Германија и дека тоа не влијае на нивните планови за патувања.
Трката во Германија требаше да се вози на 30 јули.