Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи денеска на трката за Големата награда на Италија и го превзеде водството во генералниот пласман во шампионатот за Формула 1.
Британецот на легендарната патека во Монца славеше 59 пат во кариерата, шести оваа сезона, и го престигна Себастијан Фетел од Ферари со три бодови повеќе (238-235).
Второто место во Монца го зазеде Валтери Ботас (Мерцедес), на подиумот се искачи и Фетел кој беше трет, а зад него беа Даниел Рикардо (Ред Бул), кими Раиконен (Ферари), Естебан Окон (Форс Индија) …..
Следната трка во Формула 1 е на 17 септември за Големата награда на Сингапур.