Француската влада ја разгледува можноста за затворањето на школите на период од четири недели, што би вклучувало една недела учење на далечина и три недели распуст, јави денеска телевизијата БФМ.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ќе им се обрати вечерва на граѓаните додека земјата ја чека владината одлука за новите мерки за запирање на порастот на случаи со корона вирус, соопштија од неговата канцеларија, пренесе „Франс Интернасионал“.
Во Франција веќе се затворија некои неесенцијални продавници и важи ограничувањето за тоа колку луѓето можат далеку да одат, а во најтешко погодените региони од 20 март на сила е полициски час.
(Фото: ЕПА)