Во недела, на 20 јуни, Франција го укинува задолжителното носење маски на отворен простор и ќе го прекине осуммесечниот полициски час воведен заради спречување на ширењето на корона вирусот.
Најавата на францускиот премиер Жан Кастексо доаѓа во моментот кога во Франција се регистрираат по околу 3.900 новозаразени на дневно ниво, што е многу помалку отколку 35.000 колку што имаше кога беше врвот на заразата во март и април, пренесе Ројтерс.
Кастекс ги поздрави добрите вести и рече дека полицискиот час ќе биде укинат во недела, 10 дена порано од очекуваното.
Повеќе од 58 отсто од возрасната француска популација примиле барем една доза вакцина против ковид-19.
Во вторникот Франција покрена програма за вакцинирање на деца на возраст од 12 до 18 години, во рамки на напорите да се заштити нацијата затоа што ограничувањето постепено се укинуваат.